Маричиќ: Редно е случаите на висока корупција да добијат институционална завршница за да се врати довербата во судството

од Stefanija Kuzmanovska

Комплексен е случајот со аболицијата на Иванов, затоа беа внимателни и нашите судови и Судот во Стразбур. Не може да избегаме од одговорноста сами да ги решиме нашите проблеми и тоа е главната порака од решението. Редно е сите случаи на висока корупција да добијат институционална разврска, за јавноста да стекне доверба во правосудниот систем, рече вицепремиерот и поранешен министер за правда, Бојан Маричиќ во „Вин-вин“ на Телма.

Тој додаде дека ова решение од Судот во Стразбур е шанса за судовите да ја подигнат ниската доверба која ја имаат кај граѓаните.

„Во два случаи одбраната на обвинетите ја истакнува аболицијата и таа е отфрлена и од првостепениот кривичен суд и од апелација“, истакна Маричиќ.

Тој заклучи дека аболициите се комплексен случај, бидејќи случаите за кои беа обвинетите аболицирани се произлезени од масовно кршење на човековите права преку откриеното прислушување.

Слични содржини