Маричиќ: Споредете ги Хрватска, Словенија и Бугарија како изгледале пред членство во ЕУ, а како изгледаат денес

од Nikola Popovski

Дали ние имаме реална, вистинска и друга алтернатива за ЕУ? Погледнете ги Хрватска, Романија, Словенија Бугарија или било која друга земја. Споредете ги како изгледале пред членство, а како изгледаат денес. Ниту една од нив не назадувале по ниту едно прашање. Сите имаат сериозен економски развој и сите имаат свои проблеми, но сите имаат рамки за развој што ни носи напред. Затоа мислам дека таква дилема немаме и дека ѝ припаѓаме на ЕУ што поскоро, рече вицепремиерот Бојан Маричиќ на денешната амбасадорска тркалезна маса насловена „Западниот Балкан помеѓу Западот и Истокот: Северна Македонија – членка на ЕУ до 2030 година?“ во организација на Советот на амбасадори.

Маричиќ се согласува дека не е постигнат вистински национален консензус за ЕУ од сите политички актери.

-Вистинскиот национален консензус за Европската Унија за жал кај нас се уште не е постигнат од сите политички актери, затоа што до сега во најголем дел бил само декларативен. Потребен ни е консензус со одговор на прашањето од сите политички чинители дали сакаме да станеме членка на ЕУ не под условите кои ние сме ги замислиле, туку под условите кои реално се на масата, истакна Маричиќ.

Слични содржини