Маричиќ: Треба да ни бидат во интерес Уставните измени, за да направиме дистинкција помеѓу македонскиот народ и Бугарите

од Vladimir Zorba

Нашиот Устав е дефиниран на македонски народ како доминантно населние и повеќе етнички заедници кои ги уживаат истите права. Тој концепт е направен уште во 2001-та година, тоа значи дека Цеверна Македонија е дом за сите граѓани, без разлика како се изјаснуваат етнички и денес не гледам зошто би било проблем во таа низа од 6-7 етнички заедници да се додадат уште неколку како што се Хрватите, Црногорците и Бугарите, доколку има и други се разбира со цел да ја комплетираме оваа обврска кон ЕУ, вели вицепремиерот Бојан Маричиќ во интервју за ЦИВИЛ.

Тој додава дека таа обврска е веќе прифатена во преговарачката рамка и на ниту еден начин не го редефинира нашиот државен и уставен концепт ниту пак ја загрозува нашата позиција и нашиот идентитет.

-Тоа што од тактички, од политички причини опозицијата тврди дека тоа е некакво предавство, а тоа не може да биде предавство бидејќи тоа е нашата суштина на уставот уште пред повеќе од 20 години и тоа е концептот кој на некој начин ја спаси државата од понатамошен конфликт. Затоа според мене тоа е само политичка игра која опозицијата ја користи за поени, а реално нема пречка да се заврши тоа и да продолжиме понатаму на патот кон ЕУ, вели Маричиќ.

Вицепремиерот вели дека вистина е дека бевме неправедно блокирани од нашите соседи и дека направивме крупни отстапки како земја на нашиот евроинтеграциски пат, но токму заради тоа и сето она што го имаме вложено досега треба да ги изодиме и овие чекори бидејќи нашата стратешка определба нема да дојде сама од себе, туку ќе дојде само доколку ги надминеме пречките.

Слични содржини