Маричиќ – ди Џовани: Децата заслужуваат шанса, нивното несоодветно однесување и судирот со законот треба го бараме на друго место

од Берта Китинска

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска оствари средба со претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција ди Џовани, на која се дискутираше за подобрување на системот за правда за децата во Северна Македонија.

Како што соопшти Министерството за правда, во таа насока, на средбата се дискутирало и околу подобрување на третманот на децата кои се дел од воспитно-поправниот систем и се во судир со законот, во насока на нивна рехабилитација и изнаоѓање на алтернативни форми за рехабилитација покрај институционализацијата, односно сместување во воспитно поправен дом.

-Маричиќ потенцираше дека децата заслужуваат шанса во животот и дека вината за нивното несоодветно однесување и судирот со законот најчесто треба да ја бараме на друго место. Министерот додаде дека колку повеќе ги подигнеме стандардите за ресоцијализација на децата, толку Северна Македонија ќе биде похумано и погрижливо општество, се вели во соопштението.

Како министер за правда, Маричиќ истакнал дека ќе стори се што е во негова надлежност да ги унапреди правата на децата и истакнал дека правдата за децата е дел од преговорите со ЕУ.

Слични содржини