Маричиќ: ДЗС вечерва ќе соопшти колку има останати непопишани граѓани

од Nikola Popovski

Бројките ќе бидат соопштени вечерва на прес-конфеенција на ДЗС, по 20 часот, информира министерот за правда, Бојан Маричиќ во гостувањето на „Само интервју“.

Тој рече дека е задоволен што ја реализираат оваа операција после 20 години и со толкав број на ангажирани.

-Од седум бази на податоци се земаат информациите кои се појдовна основа за теренскиот попис. Од ДЗС ќе ни соопштат колку има останати непопишани граѓани. И тие што одбиваат и тие што не се опфатени се многу малку. Неопфатените се на граница на статистичка грешка и тоа се случува во секоја земја. Тие што одбиле да се попишат сигурно нема да влезат во бројот на вкупно население, рече Маричиќ и додаде му е драго што повикот на партијата Левица за бојкот на процесот не била прифатена од населението.

Слични содржини