Маричиќ-Гир: ЕУ со поддршка за реформите во правосудството

од Берта Китинска

Министерот за правда Бојан Маричиќ и евроамбасадорот Дејвид Гир на денешната средба разговараа за законодавната агенда на Министерството за правда со акцент на разговорите за измените на Изборниот законик.

Министерот Маричиќ истакна дека е задоволен од констртуктивноста на разговорите за измена на Изборниот законик и посочи дека е постигната начелна согласност за исполнување на препораките на ОБСЕ и ОДИХР.

За време на состанокот, министерот Маричиќ доби поддршка и охрабрување од евроамбасадорот Гир кој оцени дека досегашната работа на Министерството за правда е во вистинска насока и дека динамиката на реформи е добра.

Министерот Маричиќ истакна дека во Министерството за правда ќе продолжи со силно темпо на реализација на законодавната агенда, без разлика на актуелните случувања на нашиот евроинтеграциски пат.

Слични содржини