Маричиќ: И единствената пречка за отпочнување на преговорите со ЕУ ќе се надмине со добра и искрена волја од двете страни

од Берта Китинска

Покажавме дека знаеме да се интегрираме и да создадеме пријателска атмосфера помеѓу државите и граѓаните на Западен Балкан кои денеска ги уживаат придобивките од интеграцијата на регионот. Во таква атмосфера ќе се одвиваат и разговорите со Бугарија, со директен и инклузивен дијалог секое прашање може да се реши. И единствена пречка за отпочнување на преговорите со ЕУ ќе се надмине со добра и искрена волја од двете страни врз основа на меѓународни принципи и постулати, вели на денешната прес-конференција новиот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ објаснувајќи дека од исклучително значење му претставува посета на германската државната министерка за Европа Ана Лирман кога новата влада со дополнета програма и надоградени политики започнува со работата.

„Ја сметам како афирмација на германска поддршка за нашата европска перспектива и интеграција на Западен Балкан во ЕУ“, кажа Маричиќ.

Исто така изрази голема благодарност до влатата предводена од германскиот канцелар Шолц кој на ум го има и проширувањето на унијата со земјите од западен Балкан. Потоа Маричиќ додаде дека во програмата се нагласува потреба со отпочување на преговори со Албанија и Северна Македонија без одлагања.

„Благодарни сме и на Германија што го поддржува реформскиот и евроинтеграцискиот процес и што го препознава напредокот во сите аспекти на европезијација на општеството, особено во областа на политичките критериуми и владеење на правото, економски развој и зелена агенда. Силни заложби за интеграција на нашата земја оваа владаа ќе го води со поголем интезитет, а тоа е воведување на европски стандарди и вредности дома. И понатаму оваа влада ќе го следи тој пат. Од големо значење ќе биде ЕУ да даде свој придонес со кој ќе каже дека сеуште е жива агендата за проширување. Одпочнување на преговори е клучен надворешен политички приоритет заедно со регионална стабилност, а и обврска зошто нашите граѓани заслуживаат да живеат во современа и просперитетна земја која нуди еднакви мижности за сите“, кажа Маричиќ.

Во таа насока ја подвлекува и важноста на Берлинскиот процес со кој западен балкан тргнал кон вистинска насока и со кој се направил исчекор во реформските процеси во односи во регионот, но и во регионална економска соработка . Отворен балкан го смета за контатибилен со берлински процес но, и со нашата европска перспектива за членство во ЕУ, а не како замена едни за други.

– Во оваа регионална соработка презедовме многу процеси со кои покажавме дека наши политики се засновани на европски вредности, мирот, еднаквоста, почитување на човеково достоинство, отвореност за соработка и вистинска посветеност на овие заложби. Покажавме дека знаеме да се интегрираме и да создадеме пријателска атмосфера помеѓу државите и граѓаните на западен балкан кои денеска ги уживаат придобивките од интеграцијата на регионот. Во таква атмосфера ќе се одвиваат и разговорите со Бугарија, со директен и инклузивен дијалог секое прашање може да се реши. И единствена пречка за отпочнување на преговорите со ЕУ ќе се надмине со добра и искрена волја од двете страни врз основа на меѓународни принципи и постулати, вели Маричиќ.

Членството во ЕУ и понатаму е стратешка цел очекувајќи позитивен исход од дијалогот со Бугарија и одржување на првата меѓувладина конференција на Северна Македонија и земјите членки на Еу.

Германската министерка Лирман кажа дека за Германија е важно билатералните прашања што постојат меѓу Бугарија и Северна Македонија да бидат решени билатерално, независно од пристапниот процес со ЕУ.

-Сакам јасно да кажам дека Германија е сериозна со ЕУ перспективата за сите држави од регионот. ЕУ во однос на Северна Македонија стои на својот збор. Сите предуслови за почеток на пристапните преговори се исполнети и пристапните преговори на ЕУ со вашата земја и со Албанија треба да започнат. Германија и понатаму активно ќе се залага за тоа. За нас и понатаму е важно билатералните прашања што постојат меѓу Бугарија и Северна Македонија да бидат решени билатерално, независно од пристапниот процес со ЕУ. Јас сум оптимист што се однесува до сигналите од Бугарија, кажа Лирман.

Слични содржини