Маричиќ: Иако мислев дека е „чаршиски муабет“, веднаш дадов наредби да се провери бегството на Мијалков

Во рамки на посетата на казнено-поправната установа К’штиње во Куманово, каде денес стартуваше пописот, министерот за правда Бојан Маричиќ и се обрати на јавноста.

Имено, на новинарско прашање тој вели дека за евентуалното бегство на Мијалков бил информиран во петокот вечера, два дена пред да тој да „исчезне“. Маричиќ вели дека на неформална средба со еден обвинител, добил информација за тоа дека екс директорот на УБК подготвува бегство.

„Тоа беше дури и оклалификувано како чаршиски муабет, но јас веднаш замолив да се проверат тие наоди и доколку се точни, обвинителството да преземе соодветни мерки”, посочи Маричиќ.

Меѓудругото, тој посочува и дека не чувствува одговорност за тоа.

„Како човек што води сериозна институција, му укажав на обвинителот дека треба да се проверат гласините, бидејќи не ми беше соопштено кој е изворот, односно тоа беше зачувано како податок што не ми е достапен ниту, пак, ми го кажа обвинителот. Замолив да се проверат тие наводи и доколку тоа има основа и се потврдат тие гласини, обвинителството да ги преземе потребните мерки“, потенцира Маричиќ.

Слични содржини