Маричиќ: Или ќе имаме правна држава, во која што законот ќе важи еднакво за сите или ќе имаме заштитена класа на политичари

од Nikola Popovski

„Изборот е едноставен – или ќе имаме правна држава, во која што законот ќе важи еднакво за сите или ќе имаме заштитена класа на политичари. Ова не треба да се гледа како партиска битка, туку како битка за државата“ изјави министерот за правда Бојан Маричиќ во вечерашното гостување во емисијата „Објектив“ на МТВ.

„Етапно се враќа довербата на граѓаните во правосудството, а јас сум задоволен што покажуваме на дело дека може поинаку. Трендот на неселективност во правдата и законот да важи еднакво за сите ќе продолжи. Сите ќе се најдат пред лицето на правдата, без разлика дали се од оваа или претходната власт“ изјави министерот Маричиќ.

Тој доаде дека опозицијата од петни жили се бори нивните претставници да не завршат на суд или да не видат одговорност, додека оваа Влада остава простор институциите да кажат кој за што е виновен.

„Опозицијата жолчно се бореше тие да бидат заштитена класа на политичари, да не одговараат на ниту еден начин. Во тој дух се и барањата за 27 април, во тој дух беше и борбата да не се донесе законот за јавно обвинителство. Граѓантие го препознаваат тоа – дека оние што сакаат ефикасна правна држава се на една, а оние кои сакаат корумпиран систем се на друга страна“ изјави Маричиќ.

Слични содржини