Маричиќ: Институциите можат подобро и побрзо да работат, но не треба да се оспори политичката волја за решавање на случаите како „Јавна соба“

Во своето гостување во „Утрински брифинг“, министерот за правда, Бојан Маричиќ посочи дека предизвик за целиот свет, а не само за нас е регулирањето на социјалните мрежи и контролата над нив, во однос на загрозување на интегритетот на личноста и човековите права.

Во таа насока, Маричиќ вели дека веќе имаме ситуација во која се приведени 4 лица и во однос на тоа се подготвува промена на законската рамка за гонењето на овие случаи.

По однос на реакциите пак, кои укажаа на ненавремено и несоодветно реагирање од страна на институциите, Маричиќ вели дека не е спорен фактот дека инситуциите можат подобро и побрзо да работат, но вели, никој не може да ја оспори политичката волја ваквите случаи да бидат решени.

Слични содржини