Маричиќ изрази задоволство за позитивниот исход за случајот со бегството на Мијалков

Во рамки на завршната конференција за проектот „За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството 2020-2021“, министерот за правда, Бојан Маричиќ го изрази своето задоволство од позитивниот епилог за случајот врзан за бегството на Сашо Мијалков.

„Попусто би говореле за реформи и законски измени, доколку го вртиме грбот на она што се случува на терен. Иако не се под директна надлежност на Министерството за правда, силно сум засегнат од последните случувања изминативе денови кои ја разбрануваа јавноста и за момент ја поткопаа довербата во институциите. Морам да истакнам дека сум исклучително задоволен и горд што настанот имаше свој позитивен епилог, и добро е што посебен обвинител, назначен од државниот јавен обвинител, ќе испита дали, кој и во кој дел потфрлил во однос на наводите дека одредено лице се подготвува за бегство, посочи Маричиќ.

Истовремено, Маричиќ нагласи дека е поборник на ставот дека со конкретна акција и одговорност може да има враќање на кредибилитетот и довербата во институциите.

„Нашиот систем, нашите институции секогаш се тестирани на конкретени случаи, и затоа на овие конкретни случаи државата ќе треба да се издигне да се развие за да се покаже како треба и како може да функционира, потенцираше Маричиќ.

Слични содржини