Маричиќ: Ја поздравувам одлуката на Судскиот совет, ове е голем чекор кон враќање на довербата

Во рамки на одлуката на Судскиот совет да ги усвои методологиите за оценување на работата на судиите и претседателите на истите, се огласи министерот за правда, Бојан Маричиќ кој ја поздрави оваа одлука.

Ја поздравувам одлуката на Судскиот совет да ја усвои методологијата за оценување на работата на судиите. Сметам дека ова е голем чекор кон конечното враќање на изгубената доверба во правосудството.

На 28 декември Советот за реформи во правосудството ќе ја потврди целосната методологија за филтрација на судството и обвинителството.
Правда во Северна Македонија ќе има. Правда за сите!

Слични содржини