Маричиќ: Ковачевски треба да добие шанса и има подобра програма

од Берта Китинска

Изборот на лидер е  демократски процес секој челн има право да го каже своето мислење и даде поддршка кон некој кандидат. Јас како член на СДСМ и меѓународен секретар  чувствувам потреба да  ја дадам поддршката за Ковачевски затоа што сметам дека треба да добие шанса и има подобра програма, вели Бојан Маричиќ, министер за правда во Студио 10 на ТВ24.

Маричиќ  истакна дека се надева дека изборот за нов лидер ќе заврши во првиот круг.

За тоа дали Заев ќе влијае врз работата на новиот избран лидер, Маричиќ кажа:„Jaс она што го знам е дека Заев заминува од функцијата,но не и од партијата , ќе биде присутен и ќе помага колку што може“.

Слични содржини