Маричиќ: Крајно е бизарно ВМРО-ДПМНЕ сега да протестира за владеење на правото

од Nikola Popovski

„Крајно е бизарно партијата која ги доведе во прашање сите овие теми како независни судии, АКМИС системот, правна држава, сега да протестира за владеење на правото. Преставниици на ВМРО ДПМНЕ прават се да го избегнат владењето на правото преку судските процеси во кои им се суди, и тука ја гледам неискреноста“, изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ за вестите на ТВ Сител.

Според него, овие протести наликуваат како спас на политичката кариера на поединци, а не реално дека се за владење на правото.

„Ние сме за независно судство, и со повеќе пари, но и со квалитетни критериуми за назначување, унапредување и разрешување судии и обвинители, нешто кое недостигаше овие години. Кога зборувам за критериумите за судии и обвинителите мислам на процесот на прочистување на правосудниот систем. Во оваа фаза за прочистувањето на правосудниот систем не сме зборувале со опозицијата, но прво се консултираме со Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, а потоа целата работа ќе оди во собранието и тогаш ќе се вклучи и опозицијата. Но овој процес не сакаме да биде политички, туку да има мерливи критериуми, општо прифатени“, дополни Маричиќ.

Слични содржини