Маричиќ: Крајот на оваа декада можеме да ја завршиме како членка на ЕУ

од Nikola Popovski

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ изјави дека денеска во Клубот на пратеници имале конструктивна средба со партиските работни групи посветена на разгледување на францускиот предлог.

-Разменивме идеи околу нареднта фаза. Ставовите се различни, но духот беше конструктивен. Мислам дека во наредните денови треба да продолжиме да разговараме, дали вечер, утре или наредните денови постои желба да се разговара на оваа тема, изјави Маричиќ.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ изнесе други идеи поврзани со преговарачката рамка.

-Сметаме дека беше добра почетна средба, добра почетна точка со овие позиции. Оваа шанса што ни се нуди не треба да ја испуштиме. Многу жртви сме дале и тоа не е лесно за сите за било кого. Членството во ЕУ и патот до неа ќе ни даде повеќе просперитет, многу подобро отколку да чекаме нашите граѓаните индвидуално да заминуваат во ЕУ, како што го прават денес. Се осигуравме со предлогот да немаме понатамошни блокади. Ако добро ги водиме преговорите, можеме во периодот во наредните неколку години, во просек тоа биле 6 или 7 години, но еве за Србија и Црна Гора трае подолго, до крајот на оваа декада да ја завршиме како членка на ЕУ, потенцира Маричиќ пред присутните новинари.

Слични содржини