Маричиќ: Меѓународниот мониторинг не значи замена или заобиколување на процесните закони

од Vladimir Zorba

„Се согласувам со ставот на Судскиот совет и потврдувам дека усогласениот договор на партиите не значи менување на процесните закони, ниту на измислување на механизам за заобиколување на законите. Во текстот стои дека се бара мониторинг од ЕУ и од меѓународните фактори, што ќе видиме во која форма и како ќе биде спроведено“ кажа министерот за правда Бојан Маричиќ во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека Владата ќе побара мониторинг на случаите кои се договорени помеѓу СДСМ и Алтернатива, а потоа Европската комисија ќе одлучи дали и на кој начин ќе се вклучи во следењето и проверката на предметите.

„Честопати сме имале ситуација во која сме утврдувале некоја цел и сме ја вклучувале ЕУ како фактор, а потоа тие го преобликувале нашето барање, го одбивале или го прифаќаше. Не знаеме што ќе ни каже ЕУ. Ако сме се договориле со Алтернатива дека ќе побараме меѓународен мониторинг, тоа ќе го направиме. Што ќе добиеме како одговор, не знаеме“ потенцираше Маричиќ.

Тој повтори дека Владата нема намера да ги загрозува постоечките механизми, кои според Маричиќ треба да се зајакнат за да не доаѓаме до вакви ситуации, каде што се јавуваат сомнежи кај јавноста за одредени пресуди.

Слични содржини