Маричиќ: Може да се попише отсутен член на семејството, но со веродостојни податоци

од Nikola Popovski

„Доколку некој од граѓаните не е дома, или има причина зошто го пропушта попишувањето, може друг член на семејството да го направи тоа место него, доколку го има матичниот број од лицето кое е отсутно. Но, тоа лице кое ќе ги изнесе податоците мора да гарантира за веродостојноста“, изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, во вестите на телевизија Канал 5.

Според него, по внесувањето на податоците од попишувачите, тие се вкрстуваат со осум бази на податоци, како МВР, Министерството за информатичко општество, Агенцијата за вработување, УЈП, Министерство за образование, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, МТСП и Заводот за статистика.

„Тие податоци што ќе ги даваат граѓаните значи ќе мора да се проверат, ако не се точни и веродостојни, тогаш тоа лице ќе се пријави во МВР за понатамошно постапување, се до одредување санкција“, вели Маричиќ.

Слични содржини