Маричиќ: На Стразбур ќе му одговориме навремено за тужбите со аболицијата на Иванов

од Nikola Popovski

„Не можам да го коментирам случајот, се уште сме во првата фаза и затоа е рано, течат рокови, правиме анализи и пред да истече рокот ќе излеземе со став“, коментираше министерот за правда, Бојан Маричиќ, во „Анализа“ на ТВ 24 одговарајќи на прашањето во врска со тужбите поднесени во Стразбур, а кои се однесуваат на спорната аболиција потпишана од Ѓорѓе Иванов за многу вмровски функционери осомничени за криминал.

Според него, ова е комплексен случај.

„Има многу аспекти, ни треба сеопфатна анализа, но очекувам да имаме соодветен одговор од наша страна. Владата има рок да се изјасни дали ќе се оди на некаква спогодба и ќе повторам дека се уште немаме став, за нас е важно да се почитува принципот на владеење на правото. Можам само да гарантирам дека ќе ги почитуваме роковите и ќе дадеме свое видување“, вели Маричиќ.

Слични содржини