Маричиќ: Нашите меѓународни сојузници го поддржуваат Законот за ЈО, ВМРО-ДПМНЕ да не ја држи земјата во заложништво

од Vladimir Zorba

„Ниту еден политички субјект нема право да ја држи земјата во заложништво, како што тоа го прави ВМРО ДПМНЕ со Законот за Јавно обвинителство. Токму овој закон ќе го подобри системот на борба против криминалот и корупцијата и ќе ја гарантира евроатланската интеграција на државата. Токму затоа, никој не смее неосновано да го опструира неговото усвојување“, вели денеска советникот за надворешна политика на Зоран Заев.

„Сите демократски капацитети во државата и нашите стратешки меѓународни сојузници го поддржуваат законското решение кое обезбедува независност и професионалност на јавните обвинителства. Ние сме цврсто решени дека политиката мора да остане надвор од изборот на обвинителите за да им се остави простор за независно, стручно и објективно постапување, а тоа ќе го постигнеме само ако го донесеме законот. Оттаму, носењето на законот се наметнува како главен приоритет на актуелниот парламентарен состав во наредниот период.

Време да завладее правната држава и конечно, сите кои направиле криминал да одговараат преку законски постапки. Законот за јавно обвинителство овозможува сите предмети на СЈО, но и сите останати случаи, да имаат професионална и објективна завршница затоа што само така ќе ја вратиме довербата на граѓаните во правосудниот систем“, посочува Маричиќ.

Слични содржини