Маричиќ: Не е првпат да се бара мониторинг на судски случаи

од Nikola Popovski

Министерот за правда, Бојан Маричиќ смета дека мониторингот на судски случаи не е новитет. Според него, не е првпат да се отвора ова прашање.

-Владата има побарано помош од ЕУ за мониторирање случаи на висока корупција, како и некои законски решенија во парламентот. Нема пробем било кој случај да биде мониторирани од внатрешни, но да не се влијае на суштината ниту пак ниту на нејзиниот исход. Не би било проблем за било кого, а пресудите се на обвинителствоото и судиите, вели тој во интервју за ТВ Телма.

Тој додаде дека ние нема да направиме ништо што ќе го загрози нашиот систем.

-Барање на мислење и помош од ЕУ каде и целиме според него, не е против конвенциите, не бараме судии и обвинители на помош, само мониторинг. Извршната власт нема да се меша ниту во судската власт ниту овинителството, туку само ќе мониторира, потенцира Маричиќ и информира дека има 20 случаи на висока корупција кои сега се набљудуваат, дека има случаи на СЈО, но и други.

Слични содржини