Маричиќ: Нема да има цензура во С. Македонија

од Nikola Popovski

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ уште еднаш повтори дека Владата направи сериозни напори во изминатите години и месеци на повеќе нивоа да разговара со Бугарија, за да ги исполниме надворешнополитичките цели.

-Нашата цел е пристапување кон ЕУ, но и заштита на македонскиот јазик и идентитет, при што започнување на процес на преговори и пакет кој што ќе можеме да го имплементираме. Затоа е важно во таа задача дадена од Владата, да се грижиме и работиме на тие интереси. Не можеме да се откажеме од некои позиции кои се важни за секоја држава, рече Маричиќ на денешната заедничка прес-конференција со шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

Околу францускиот предлог, Маричиќ потенцира дека Владата и министерствата го воделе процесот мудро.

-Нам ни е важно дека со комуникацијата на одредени структури со медиумите, се покрена една атмосфера за која немаше основа, додаде Маричиќ.

Во однос за цензурата, вицепремиерот потврди дека имаме законодавство кое што е усголасено со ЕУ и за говор на омраза и за се што важи за ограничување на слободата на говор.

-Било што би се спроведувало, би се спроведувало во рамките на нашето зкаонодавсто и преку нашите институции. Целата на отворање на темата за говор на омраза е за системски да се воспостават механизми за борба со говорот на омраза кон сите, вклучувајќи ги и Бугарите. Тоа е важна за една земја кандидатка за ЕУ. Битно е тоа за нас како држава, не само за Бугарите во земјава. Цензура не е дозволена според Уставот. Во таа смисла, не е намера или цел било што да пишува во предлог-документот. Целта е јавниот простор да биде заштитен од говор на омраза како средство за политички цели, што може да доведе до внатре-општествени конфликти или меѓуопштествени конфликти. Не е целта цензура и цензура нема да има во С. Македонија, констатира Маричиќ.

 

Слични содржини