Маричиќ: Од позиција на членка на НАТО да разговараме за отвореното прашање со Бугарија

од Vladimir Zorba

„Ние сме гаранти на сите договори за тоа што директно премиерот Заев го потпиша Договорот за добрососедство со Бугарија, а Министерот Димитров го потпиша Договорот од Преспа. Дека сакаме да ја одржиме стабилноста на овие договори коишто ни го отворија патот на европските интеграции, на стабилноста во регионот и на членството во НАТО. Мислам дека е многу битно во наредниот период којшто следува да се поставиме како држава членка на НАТО, како држава која што веќе ги има затворено дел од овие прашања во ООН“, изјави вечерва советникот за евроинтеграции во владата Бојан Маричиќ на „Телма“.

По Договорот од Преспа, според него, е впишано во личната карта македонски јазик и токму затоа ЕК на принципиелен начин го презема називот на јазикот – македонски во Преговарачката рамка.

– Значи, ние треба да влеземе со таква самодоверба во овој процес, членки сме на НАТО, дел од овие прашања се веќе затворени во ООН, во ОБСЕ е македонски јазик, во Совет на Европа итн. И од таа позиција да влеземе да разговараме за отвореното прашање со Бугарија. Договорот за добрососедство и пријателство е потпишан на македонски јазик во една верзија, премиерот Борисов е потпишан на таа верзија… тоа е билатерален режим меѓу нас и Бугарија, ние тоа се обидуваме да го објасниме на државите членки на ЕУ, дека тоа е билатерален режим меѓу нас и Бугарија, ние можеме комуникацијата со нив да стои така, но за нас нема дилеми и тоа е право на самоопределување и за нас во тоа нема дилеми. Затоа би апелирал на колегите од ВМРО-ДПМНЕ да не го отвораат ова прашање како спорно, туку напротив околу ова прашање да се обединиме, додаде Маричиќ

Слични содржини