Опозицијата бараше референдум и за Договорот со Грција, па на крајот го бојкотираше, вели Маричиќ

од Nikola Popovski

Во однос на референдумот, имаме научени лекции. Се сеќавате дека опозицијата инсиситраше и на референдум и за Договорот со Грција, тоа беше долгорочна заложба во сите политички програми на опозицијата со години. Тоа во 2018 година го прифати и Владата и решивме да организираме, кој што партијата која што го бараше со години, на крај реши да го бојкотира. Тоа остави дамка и сенка на целиот процес. мислам тоа треба да ни биде научена лекција. Мислам дека сега имаме доволно капацитети и легитимитет на институциите, особено на Собранието, да дискутира и разговара и во еден демократски процес да дојдеме до 2/3 мнозинство, одговори вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на новинарско прашање како ја коментира најавата на опозицијата за собирање потписи за референдум.

Според тоа, тоа е сосема гаранција и легитимитет за уставните измени без референдум.

-Ова е мој личен став, Владата не расправала по ова прашање. Мој став е дека од тоа нема потреба и подобро е институциите да си ја преземат одговорноста, наместо да се користи референдумот за манипулација или политички поени, додаде Маричиќ на прес-конференцијата.

Слични содржини