Маричиќ оствари средба со шпанскиот амбасадор во земјава, Лоренцо Сера

Министерот за правда Бојан Маричиќ на Фејсбук објави дека се сретнал со шпанскиот амбасадор во земјава Емилио Лоренцо Сера, со кого разговарал за унапредување на соработката меѓу двете држави во областа на правосудство, со посебен фокус на институциите каде се обучуваат идните судии и јавни обвинители.

На средбата присуствувала и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска.

„Навистина продуктивна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Емилио Лоренцо Сера и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители.
Разговаравме за унапредување на соработката меѓу двете земји во областа на правосудство со посебен фокус на институциите каде се обучуваат идните судии и јавни обвинители.
Оваа наша средба е само првиот чекор кон понатамошна стручна соработка во областите од заеднички интерес.
Искуството на Шпанија е добредојдено со цел брз развој на Академијата за судии и јавни обвинители“, истана Маричиќ во својата фејсбук објава.

 

Слични содржини