Маричиќ: Пописот не е почнат, законот ќе помине само прашање на време е

од Берта Китинска

Министерот за правда Бојан Маричиќ  во „Студио 10“ објасни дека пописот не е почнат и дека законот се уште не е донесен бидејќи една од пратеничките групи не сака статистичката операција да се одложи.

-Пописот не е почнат, утрово имав состанокот со Државниот завод за статистика околу ова прашање. Никој во овој момент не го крши законот според стандардите на  „Евростат“ пописот би требало да трае 15 дена така што ние денес и да не почнеме согласно постоечкиот не се крши законот. Може и да почне со одлагање на неколку дена, битна е крајната цел. Договорот е пописот да се одложи за септември Во Собранието вчера имаше координација  и јас бев присутен имаше  технички работи кои треба да се исправат. Потребно беше да се достави еден технички документ, изјави  Маричиќ .

Тој напомена дека синоќа на координацијата требало да биде донесен законот за попис , но пратеничката група Алијанса и Алтернатива биле против.

-Целта беше уште синоќа да се донесе законот, за жал Алијанса и Алтернатива одлучија да се дискутира во редовен тек, 2-3 дена, инаку можеше се да биде готово уште вчера. Очекувам во текот на денот да биде закажана седница. Најголем дел од пратениците го поддржуваат одложувањето на пописот, Законот ќе помине, само прашање на време е кога ќе помине. Мислам дека претседателот Џафери дава уште малку простор дали во текот на денот ќе има сигнал од АА и Алтернатива се да се заврши денеска, преку поедноставена процедура, изјави Маричиќ.

Слични содржини