Маричиќ: Преговорите започнаа

од Берта Китинска

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, пред денешниот почеток на скрининг процесот испрати порака на својот Фејсбук профил дека сè е подготвено за следната фаза од евроинтеграциите и дека македонскиот тим е спремен за отворањето на скриниг процесот.

„Овој скрининг е многу важен за да ја држиме нашата администрација во кондиција, но и целото општество, сите експерти, целото граѓанско општество, академската јавност, бизнис заедницата, да бидат активни, да го следат скринингот и да учествуваат во него.Тоа е многу важно, затоа што од скринингот зависи како ќе изгледа листата на задачи, репери, мерила, бенчмаркови, коишто ќе важат за сите поглавја, за сите кластери. Практично скринингот е таа фаза на дијагноза до каде сме, и што треба да правиме“, напиша Маричиќ.

Слични содржини