Маричиќ: Сè што правевме досега е за нашите граѓани да живеат подобро

од Берта Китинска

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска присуствуваше на првата Меѓувладина Конференција на Северна Македонија со Европската Унија, од каде испрати честитки до граѓаните по повод почетокот на преговорите, со кои за земјата и граѓаните е обезбедена поинаква и подобра иднина.

-Сè што правевме досега, сите напори, труд и заложбата кои ги вложивме во процесот на евроинтеграција и негово деблокирање, е направено за нашите граѓани да живеат подобро и како сите останати европски народи, пишува на својот Фејсбук профил Маричиќ.

Вицепремиерот Маричиќ вели дека со денешната првата Меѓувладина конференција ги отвара преговорите со Унијата, со што формално станува дел од процесот на пристапување кон големото европско семејство и дека овој пат има само еден крај-полноправно членство на МК во ЕУ.

-Пред нас е период на големи предизвици во кој уште повеќе ќе мора да работиме и да се посветиме на реформите, за да ја оправдаме довербата што ни ја укажа ЕУ, но и да ги реализираме очекувањата на нашите граѓани, додава Маричиќ.

Според вицепремиерот Маричиќ ова е најважниот настан за Северна Македонија после членството во НАТО, со што Северна Македонија исполнува уште една стратешка цел, која го одредува патот по кој треба да тргне нашето општество.

Слични содржини