Маричиќ: Секојдневно се сочувствувам со граѓаните дека нема правда

Во своето гостување во 24 анализа, министерот за правда, Бојан Маричиќ посочи дека со новите реформи се очекува системот да покаже отпор на притисоци и посакувани резултати за граѓаните.

„С.Македонија е различна држава од пред шест години. Имаме попатни разочарувања, но и подеми. Сите очекуваме дека ќе биде подобро. Секојдневно се сочувствувам со граѓаните во тоа дека нема правда. Оттаму во насока на тоа, битката ја водиме и со реформите и прочистување на судството и сум оптимист дека го возиме вистинскиот пат. По новите критериуми имаме околу 10тина разрешени судии, но се надевам дека и Обвинителството одговорно ќе постапува по своите надлежности. Јас како министер сум 5 месеци на оваа позиција, и мислам дека се прави дискредитација во однос на мојата работа, со лажни вести и низа обвинувања, како и интерпелацијата во Собранието, но и напади на моето семејство. Но, тоа ми е доказ дека правиме нешто добро и добро сме насочени кон целите. Целта ни е да изградиме систем кој ќе биде отпорен на притисоци“, истакна Маричиќ.

Слични содржини