Маричиќ: Шилегов ги сопре кичот, корупцијата и загадувањето во Скопје

од Nikola Popovski

Визијата што ја има Петре за Скопје и енергијата и сонот што го има Дуле за Карпош се добитна комбинација која што ќе победи во недела на 31ви октомври. Покажавме во овие неколку дена, особено во овие 2 недели дека навистина ја научивме лекцијата, изјави вечерва од Карпош секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ.

Тој појасни дека „Петре ги сопре кичот, корупцијата и загадувањето и Петре ја врати душата на Скопје“.

Маричиќ нагласи дека и Карпош се сеќава и тоа многу добро каков гром удри во 2013 година, громот од кој што уште не може да се оправи и да застане на нозе.

-Се сеќаваме како изгледаше кога гледавме како пред нас исчезнуваат зелените површини и стануваат згради, се сеќаваме како излгедаше страв и трепет, и закани кои доаѓаа од општината кон граѓаните и кон поддржувачите од СДСМ, се сеќаваме како изгледа да не можеме да ги запишиме сопствените деца во градинка само заради тоа што Стевче Јакимовски одлучил така, рече Маричиќ, додавајќи дека на другата страна е кандидатот на СДСМ и колаицијата Душко Весковски, порача вечерва Маричиќ пред граѓаните на Карпош.

Слични содржини