Маричиќ: Со Бугарија креваме една од блокадите со употребата на краткото име

од Берта Китинска

Со заеднички чекор од двете страни решено е едно од отворените прашања кое што на нам ни предизвикуваше проблем во дел од меѓународните заедници, од друга страна Бугарија имаше проблем со толкувањето на краткото и долгото име и дали се однесува на истиот географски простор, вели вицепремиерто за европски прашања Бојан Маричиќ во врска со тоа што денеска беше соопштено дека Бугарија прифати да го користи скратеното име Северна Македонија, подеднакво како и долгото име Република Северна Македонија и нема да ја кочи употребата на тоа име во меѓународни процеси.

-Со овој чекор којшто е еден од отворените прашања практично решаваме еден проблем, затвораме едно парашање и креваме една од блокадите бидејќи има неколку блокади кои се однесуваат на нашите евроинтеграции, вели Маричиќ во Топ Тема.

Слични содржини