Маричиќ: Стејт департментот ги препозна напорите на Владата за реформи во правосудството

од Nikola Popovski

Министерот за правда Бојан Маричиќ во вечерашното гостување во вестите на Сител телевизија истакна дека е добро што од страна на Стејт департментот се препознаени напорите на Владата за реформи во правосудството и дека тие напори даваат резултати.

-Нотирана е поголемо почитување на независноста на правосудството. Секако, има и слабости, но на нив веќе работиме преку зголемување на буџетот и ресурсите на судството и обвинителството, истакна министерот Маричиќ.

Во однос на процесот на прочистување, Маричиќ истакна дека динамиката на работа на Судскиот совет е видлива и за пофалба.

-За жал, во обвинителството и Советот на јавните обвинители нема таква динамика, но јас очекувам и верувам дека обвинителите ќе се оценуваат со новите критериуми

Слични содржини