Маричиќ: Судството мора да биде поодговорно и да кажува јавно како и што работи

од Берта Китинска

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, во интервјуто за телевизија Стар, вели дека основна задача на министерството е да се подигне  довербата на граѓаните во судтвтото.

„Тоа не се постигнува ако се грижиме за привелегии, за високи плати,или ако не се грижиме за правата на граѓаните, или ако правосудниот систем не испорачува правда. Едно е сигурно мора да бидат трнаспарентни и судовите и обвинителствата, да бидат одоговорни, да нема застрување на постапки, ниту да има игнорирање на позицијата на која било странка во постапката. Затоа имаме јасен план за проверка на работата на судиите и обвинителите, тоа го работиме заедно со Советот на судии и Советот на јавни обвинители. Со тоа имаме намера сите да се чувствуваат поодговорни, да учевствуваат во креирање на големата слика. Ние во изимнатите три години имаме судски пресуди кои што укажуваат на тоа дека навистина нема недопирливи, и ние со тоа покажуваме чекори напред“-изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, во интервјуто за телевизија Стар.

Тој нагласи дека прочистувањето во судството нема да биде класичен Ветинг, како во Албанија, но дека крајната цел е да се направи одговорно и отчетно судство.

„Владата е тука да им ги подобри капацитетите на судовите и на обвинителствата, но тие да ја потхранат работата, да ја зголемат одговорноста, да ја претстават својата работа таму каде што треба, а негативните појави да се испрваат и да се корегираат. Тие што не заслужуваат да не се дел од ситемот понатаму. Откако се донесени некои законски измени, имаме веќе разрешување на осум судии и веќе 80 дисциплински постапки се покренати. Кај судиите тоа оди побавно заради процедурата. Имаме неколку крупни имиња кои не се дел од судството, како Панчевски, Вангеловски и други, и тоа е добар почеток да се врати довербата кај граѓаните, но тоа не е доволно за вкупниот впечаток. Граѓаните очекуваат судиите да работат независно, но и да се одговорни. Јас немам тефтерче за судии, тие тефтерчиња се кај Советот на јавни обвинители и кај Судскиот совет. Ако граѓаните видат видливи резултати, препознаат дека имаме професионален пристап, делата се спроведуваат на време, законот важи за сите, дека имаме неселективен пристап за поранешни и актуелни функционери… Затоа велам судството мора да биде поодговорно кон граѓаните и да чувствува потреба да кажува јавно како и што работи.“- рече Маричиќ.

На крајот тој истакна дека професионалните и добрите судии и обвинители, оние кои не се засегнати од прочистувањето и кои навистина сакаат да помогнат во реформите, се на страната на граѓаните и на страната на Владата затоа што се свесни дека целиот процес е заедничка мисија и дека е важно на крајот да се воспостави одоговорен и отчетен систем.

loading...

Слични содржини