Маричиќ во еднодневна работна посета на Косово

од Nikola Popovski

Министерот за правда Бојан Маричиќ утре ќе престојува во еднодневна работна посета на Косово. Предвидено е да има средба со косовската министерка за правда Албулена Хаџиу, по која ќе го потпишат Договорот за заемна правна помош во граѓанските предмети.

Помеѓу двете држави постојат тесни економски, политички, културни и други врски, поради кои е потребно олеснување на постапките пред институциите на двете држави.

Со склучувањето на овој договор се воспоставува и дипломатскиот пат на комуникација, кој ќе овозможи побрза и поефикасна граѓанска постапка и ќе се овозможи директна комуникација меѓу надлежните органи на двете држави за побрз одговор и од двете страни, без претходно да се процедурите да минуваат преку двете Министерства за правда.

Слични содржини