Маричиќ за „Блиц“: Со изменетиот француски предлог го добивме она за што се бориме со години

од Vladimir Zorba

„Со изменетиот, пречистен, дополнет француски предлог, го добивме она за што се бориме со години, а тоа е чиста формулација на македонскиот јазик, без никакви фусноти, ѕвездички, објаснувања, што ни беше најважно во зачувувањето на нашата националните интереси. Успеавме да го заштитиме македонскиот јазик како што ветивме. Граѓаните немаат за што да се грижат, македонскиот јазик со овој предлог станува еден од идните официјални јазици на Европската унија. Заштитувајќи го македонскиот јазик најдиректно ја обезбедуваме заштитата на идентитетот на македонскиот народ“, вели вицепремиерот Бојан Маричиќ за „Блиц“.

„Доказ за тоа е фактот што францускиот предлог се однесува и на Договорот од Преспа – тоа значи дека ќе ги започнеме преговорите како Македонци кои го зборуваат македонскиот јазик, исто како што беше определено со Договорот од Преспа, со кој Северна Македонија ја доби својата лична карта во Обединетите нации и во сите меѓународни организации чиј член е. Со отстранување на билатералните односи од преговарачката рамка и со целосна заштита на македонскиот јазик и идентитет, имаме предлог кој не ни штети нам и на државните интереси, напротив, дава шанса да се исполни стратешката цел на држава и она што го чекаме 17 години, што е почеток на преговори како Македонци кои го зборуваат македонскиот јазик“, истакна тој.

Не се согласува со тоа дека Бугарија веднаш го прифатила предлогот.

„Имаше дискусија, се разговараше во парламентот, имаше бурни реакции од пратеници и коментари од политичката елита, за отстапки на овој план. Сега имаме компромисен европски предлог кој е избалансиран во барањата на двете страни. Првото барање на Бугарија беше македонскиот јазик да нема јасна формулација, туку да има додаток, фуснота, ѕвездичка, преку кои би се искажал ставот на Бугарија по ова прашање. Друга важна разлика е што ќе можеме да го водиме преговарачкиот процес, односно меѓувладината конференција и скринингот без одлагање, без дополнителни услови, без потреба од промена на Уставот за да се вклучат трите национални заедници. Она за што се боревме со години е постигнато, членство во ЕУ со заштитени државни интереси, мора да бидеме мудри и рационални во овој важен момент за нас, но и за регионот“, вели вицепремиерот.

Слични содржини