Маричиќ за Еуроњуз: С. Македонија и Албанија се повеќе од подготвени за почеток на преговорите со ЕУ

од Nikola Popovski

Министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју на Еуроњуз кажа дека Северна Македонија и Албанија се повеќе од подготвени за почеток на преговорите за членство во Европската Унија. Министерот кој интервјуто го даде за време на неговата дводневна посета на Тирана, додаде дека двете земји работат заедно за да ја зајакнат соработка во подготвувањето на администрациите за процесот на преговори да тече побрзо.

– Се согласивме да ги ажурираме нашите билатерални договори, особено за екстрадицијата, и ги споделивме нашите искуства во врска со реформите во судството, процесот на проверка што тече во Албанија и процесот на филтрирање. Размислуваме како да се зајакне соработката помеѓу нашите Академии и како да се зајакне регионалната соработка помеѓу земјите на Западен Балкан, изјави Маричиќ.

Министерот во интервјуто кажа дека за разлика од Албанија каде што се спроведе ветинг во судството, кај нас според утврдена методологија Судскиот совет прави проверка на работата на судиите и досега 13 се разрешени, бидејќи самото судско тело донесе одлука дека тие постапувале нестручно или пак несовесно.

На прашање за застапеноста на Албанската заедница во судството Маричиќ кажа дека многу клучни позиции во судството се раководни од Албанци и дека клучно за нивниот избор била пред се стручноста и искуството.

– Можам да ви кажам дека има многу силни позиции во судскиот систем што им се доверени на припадниците на албанската заедница. На пример, директорот на Здружението на судии е Албанец, претседател на Врховниот суд, највисок суд во нашата земја е Албанска. Повеќе членови во Судскиот совет, Советот на обвинители исто така и затоа мислам дека албанската заедница е многу добро застапена во судството и е добро застапена во правниот систем воопшто, заклучи Маричиќ.

Слични содржини