Маричиќ за исвиркувањето на македонскиот јазик: Како Македонец не се чувствувам пријатно

од Берта Китинска

„Исвирквуање на било кој јазик не е пријатно за никого. Јас како Македонец не се чувствувам пријатно. Но, провокации, секогаш имало. Последните 5 години, провокации не биле оркестрирани…..Политика која се базира на поделби, посебно меѓуетнички не може да донесе добро на државата, не може да опстане на долг рок. Се обиделе повеќе политичари и сите изгубиме. Граѓаните се доволно зрели за да не бидат подложни на вакви провокации“, рече вицепремиерот Бојан Маричиќ.

Со исвиркувањење на македонскиот јазик, почна фестивалот во чест на 21 годишнината од потпишување на Рамковниот договор. Во најголем дел младата популација, се забавуваше се до моментот кога водителката на настанот, која прво зборуваше на албански, проговори на македонски, што ја изреволтира публиката.

Слични содржини