Маричиќ за Рашковски и Боки 13: Тие се движат под строго контролирани услови

од Берта Китинска

Мојата информација е дека Катица Јанева е во Идризово.И тоа е така уште кога стана правосилна пресудата.Колку што знам јас таа беше спроведена во затвор, затоа мислам дека соопштенијата за барање на моја оставка немаат никаква основа, вели министерот за правда Бојан Маричиќ, во дневникот на „Сител“ во врска со барањето на негова оставка од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека сите се под контрола на системот и дека сите се движат под строго контролирани услови.

-Сосема е нормално луѓе кои имаат здравствени проблеми да имаат право да одат на лекар.Не се шетаат слободно на улица, кажа Маричиќ.

Слични содржини