Маричиќ: Жалосно што опозицијата не успеа да се приклучи кон ниту еден успех на нашата земја во изминатите 3 години

од Aleksandar Petrovski

Бојан Маричиќ советник за евроинтеграции во Владата и член на комисијата за надворешни работи во СДСМ во Еурофокус на ТВ Телма рече дека опозицијата се обидувала во изминатите три години да ги негира очигледните успеси во интеграциите на земјата.


-Жалосно што опозицијата не успеа да се приклучи кон ниту еден успех на нашата земја во изминатите три години. Ние во изминатите три години го одблокиравме нашиот пат кон ЕУ. Имаше многу точки кои прескокнавме и станавме членка на НАТО. Опозицијата се обидуваше да ги негира, демантира или да ги омаловажи сите овие успеси кои се на државата а не на една или друга партија. Тоа за жал покажува дека неможат да се надминат во заедничкото работење кон интеграција во ЕУ и сакаат да соберат ситни политички поени. На секое нивно излагање дека датум се уште нема, ЕУ ги демантира со еден чекор понапред во преговорите. Ние во март имавме одлука за почеток на преговорите од европскиот совет, имаме предлог преговарачка рамка од европската комисија, наесен ќе следува утврдување на таа рамка и формален почеток со меѓувладина комисија до крајот на годината. Незнам каков датум очекуваат, едноставно ова е тоа што постојано се случува чекор по чекор напред и сите треба да сме среќни заради тоа, истакна Маричиќ.

Слични содржини