Маричиќ: „Жртвите“ од режимот на Груевски е траума на нашето општество кое треба да добие разрешница

од Берта Китинска

Изразувам целосно разбирање за сите семејства кои „настрадале“ од режимот на поранешниот премиер Груевски. Станува збор за 300 семејства кои имале најразлични трауми, вели Бојан Маричиќ, министерот за правда во „Клик Плус“ на ТВ21.

„ Тоа е траума на нашето општество кое треба да добие разрешница. Прво да кажам дека изразувам целосно разбирање со сите семејства кои пострадаа во режимот на Груевски, и реално имаа последици од тоа владеење. Тоа се навистина жртви кои беа во своето слободно медиумско делување. Затоа разговараме за законот и можеме да најдеме решение. Критериумите се важни особено во тоа како да дојдеме да ги опфатиме оние кои навистина биле жртви. Со оглед дека законот е веќе во Собрание, ќе го менуваме со амандмани“, изјави министерот за правда, вели Маричиќ.

Слични содржини