Маричиќ од Брисел: За следен напредок кон ЕУ потребно е брзо завршување на задачите

од Vladimir Zorba

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во рамки на неговата еднодневна посета на Брисел оствари со Сајмон Мордју, советникот за надворешна политика на претседателот на Европскиот совет, Мишел, на која беше разговарано за европската перспектива на Северна Македонија и регионот во рамки на моменталната геополитичка ситуација.

Соговорниците истакнаа дека имаат иста желба и цел, наскоро Северна Македонија да ја видиме во рамките на ЕУ.

На состанокот беше посочено дека годинава Северна Македонија треба успешно да заврши дел од обврските кон ЕУ и да го отвори првиот кластер.

-Вратата на ЕУ е отворена, задачите кои ги имаме мора да ги исполниме и да продолжиме со земјите кои преговаат со ЕУ на патот кон членство во Унијата, рече Маричиќ после состанокот со Мордју.

Маричиќ рече дека сега се потребни брзи резултати, а не само декларативна посветеност на европската интеграција.

– Свесни сме за предизвиците и сме подготвени да работиме на нивно надминување и на реформските реформи. Затоа на преговарачкиот процес треба да гледаме како на одлична можност побрзо да ги совладаме европските правила кои ќе нѐ направат членка на ЕУ, смета вицепремиерот Маричиќ.

Слични содржини