Марија од Белград ги открива симптомите на корона по денови: Прво имав температура, а 3-тиот ден се случи нешто чудно

од Aleksandar Petrovski

Марија Р. (30) од Белград го опиша своето искуство со вирусот корона од ден на ден.

Марија посочува дека, исто како и сите околу неа, таа имала благи симптоми, а сè започнало пред 3 недели, поточно една петочна вечер кога добила температура.

Ден 1

Се разбудив во саботата со температура која достигна најмногу до 38,3. Пиев парацетамол и бев во ред. Не ме сруши толку многу и брзо спадна, а потоа повторно порасна на 38.

2 ден

Во неделата, се разбудив сосема нормално, мислејќи дека помина, но ниската температура почна да ме крши и цело време беше околу 37,4. Се чувствував навистина лошо тој ден. Бев многу слаба. Бидејќи беше толку ниска температура, не пиев парацетамол. Знаев дека тоа е коронавирус, бидејќи мојот сопруг веќе беше заразен со истите симптоми. Јас дури и не отидов на тест веднаш. Температурата беше таква цел ден и имаше се поголема омалаксаност.

3 ден

Во понеделникот, температурата престана, се чувствував подобро, но сепак и натаму ми пречеше омалаксаноста. Новитетот беше многу чудно чувство во носот. Како да е затнат, но не е – нема никаков секрет.

4 ден

Следниот ден, мирисот почна да слабее, за целосно да исчезне во вечерните часови, а веднаш после таа вечер, чувството за вкус исчезна. Следниот ден отидов да се тестирам. Дотогаш, веќе се чувствував сосема нормално, освен што немав чувство за мирис и вкус. Исто така, во одреден момент од попладневните часови, се чувствував ненормално слабо, толку многу што не можев да седнам на компјутер и да работам. Сè боли и само морав да легнам и да ги затворам очите некое време.

Марија вели дека во наредните денови омалаксаноста исчезнала, а кашлицата не се појавила во ниту еден момент за време на нејзината болест. Нејзиниот сопруг, од друга страна, понекогаш знаел по малку да се закашла. Тоа беше единствената разлика во нивните симптоми.

Ден 8

Веќе по 4 дена од губитокот, сетилата почнаа постепено да се враќаат и до тогаш веќе дојдоа позитивните резултати. Но, јас веќе се чувствував многу подобро. Секако, бев во изолација додека не дојдоа негативните резултати подоцна – заклучи Марија.

Слични содржини