Марин Ле Пен: Постигната целта Макрон да биде претседател на малцинството, без контрола на власта

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателката на Националното собрание Марин Ле Пен истакна дека десничарската партија ја постигнала „убедливо најголемата победа во историјата“ на вчерашните парламентарни избори во Франција.

„Нашата пратеничка група ќе биде убедливо најголема во историјата на нашето политичко семејство. Оваа доверба не обврзува“, истакна Ле Пен, пренесува „Танјуг“.

Според неа, Националното собрание ја постигнало својата цел „да го направи Емануел Макрон претседател на малцинството, без контрола на власта“ и да продолжи со политичкото рекомпонирање што е неопходно за демократска обнова.

Според последните податоци, коалицијата „Заедно“ на францускиот претседател Емануел Макрон освои 245 места, 131 левичарската коалиција NUPES на Жан-Лук Меланшон, десничарското Национално собрание на Марин Ле Пен 89 места, додека републиканците освоиле 61 место.

Слични содржини