Марин Ле Пен се прашува дали коронавирусот излегол од лабораторија

од Stefanija Kuzmanovska

Лидерот на француската Национална партија, Марин Ле Пен смета дека е легитимно да се сомнева дали коронавирусот излегол од лабораторија.

Околу 40 проценти од нејзините гласачи веруваат дека вирус е намерно направен во лабораторијата, покажува една студија.

Исто така, 26 проценти од Французите го делат ова мислење.

Запрашана за ставовите на нејзините избирачи, Ле Пен за радио „Франс Инго“ изјави дека нема никакво мислење за оваа тема и дека е грешка да се спроведе такво истражување.

Сепак, таа додаде дека во минатото, се знаело дека голем број на болести „избегале“ од лабораториите, како што е миксоматозата.

„Ова се работи што се случуваат“, истакна Ле Пен, додавајќи дека тоа не ја менува ситуацијата во која се наоѓаме затоа што потеклото на вирусот нема никаков ефект врз она што минуваат низ луѓето.

„Во демократијата, ние имаме право да се сомневаме. Во однос на здравјето, ние имаме право да се сомневаме. Сомнежот не е кривично дело“, рече таа.

Слични содржини