Маринирајте го месото пред печење, повкусно е

од desk2

Додавањето месо и зеленчук на скара можеби звучи како добра идеја, но всушност е многу лошо за здравјето, велат германските научници.

Капките кои паѓаат на огнот доведуваат до појава на чад кој содржи штетни материи кои доаѓаат до храната. Се работи за супстанци кои се сметаат за канцерогени, па би требало да ги избегнувате, предупредуваат научниците.

Решението е во маринирањето на храната пред да ја ставите на скара, а колку долго треба да биде маринирана, зависи од маринадата и од тоа што се наоѓа во неа.

Готова маринада може да се купи во продавниците, или многу лесно можете да направите домашна. Благодарение на маринадата, месото и зеленчукот имаат многу подобар вкус.

Слични содржини