Марка: Мбапе е блиску до договор со Реал

од Vladimir Zorba

Трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид од Пари Сен Жермен е многу блиску до реализација, пренесува шпанска Марка.

Без оглед на се што е кажано и напишано во јавноста, челниците на кралскиот клуб си поставија само една цел во последните неколку месеци: доведување на Мбапе и тие се на добар пат да ја исполнат таа цел.

Утврдија два услови како клучни во реализацијата, првиот е дека напаѓачот не потпишува нов договор со „светците“, а вториот е повикот од Катар (сопственикот на ПСЖ е член на кралското семејство таму) да разговараат за иднината на играчот. И двата услови се исполнети.

Фудбалерот не ги криеше симпатиите кон Реал во минатото, а последните денови дава протоколарни изјави дека е фокусиран само на Парижаните, но сепак е во секојдневен контакт со челниците на мадридскиот клуб и се надева дека до трансфер ќе дојде.

Дури и раководството на ПСЖ, и покрај желбата да го задржи, почна да сфаќа дека е лудо да се натера играч кој не сака да остане таму и покрај новиот договор и парите што му се понудени, па се очекува да се сретнат со лидерите на Мадриѓани многу скоро.

Останува само уште една недела до крајот на преодниот рок, па „кралскиот клуб“ ќе ја искористи целата своја моќ за да го реализираат долгоочекуваниот трансфер што го поставија за себе како приоритет ова лето.

Слични содржини