„Марка“: Мбапе наскоро ќе стане играч на Реал!

од Vladimir Zorba

„Марка“ тврди дека Килијан Мбапе е блиску до потпис за Реал Мадрид, а Французинот треба да стане играч на „кралскиот клуб“ до следниот петок.

Наводно, преговорите меѓу Мбапе и Реал се забрзани последните денови, а на шпанскиот гигант му олесни големата победата против ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Мадридскиот клуб со години работи на овој трансфер, а Французинот само за потпишување на договорот ќе добие меѓу 60 и 80 милиони евра, а годишно треба да заработува 25 милиони евра, тврди „Марка“.

ПСЖ се надеваше дека брзоногиот напаѓач може да го продолжи договорот и да остане во клубот, но откако Реал Мадрид го исфрли ПСЖ оваа недела во Лигата на шампионите, Мбапе реши да го исполни својот детски сон.

Слични содржини