Маркоски: Зошто и како некој дозволи тестовите да се движат од 30 до 100 евра, а понекогаш во итни случаи и по 200 евра?

од Nikola Popovski

На денешната прес-конференција д-р Вело Маркоски од ИК на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти дека е загрижен од стапката на смртност од Ковид-19 во земјава.

„Загрижени сме како и сите граѓани за големата смртност, хаотичните мерки и немањето на стратегија за справување со КОВИД-19. Сметаме дека  Македонија со други кадровски решенија може многу поуспешно да се носи со целокупната состојба во здравството“, вели Маркоски.

Тој наведе 12 причини за одговорност на министерот Венко Филипче и побара оставка од Комисијата за заразни болести, откако од власта рекоа дена нема ниту една причина за оставка. Еве дел од нив:

„Со сите сили надвор од сите досегашни научни сознанија по предлог од неговата комисија за заштита од заразни заболувања се направи стратегија да се спречи ширењето на КОВИД -19, односно да се сведе на најмногу 2.000 позитивни за цела држава. Иако науката од досегашните искуства кажуваше дека не е можно да се спречи ширење на горно респираторна инфекција, туку само може да се одложи. При тоа се презедоа драстични мерки иако епидемиолошката ситуација беше мирна. Се потрошија повеќе од 1.5 милијарда евра, се стопира економијата, образованието, социјалниот и спортскиот живот. Бројката од 2000 ја достигнавме на 26 мај 2020 година.

Не се избра модел/стратегија за справување со КОВИД-19. Со лажно прикажување на позитивните како заболени се направи непроценлива штета на државата, во тек на летото поради ваквите привидни бројки бевме изолирани скоро од сите околни држави.

Иако никогаш не се прогласи завршување на првиот бран, се дозволија голем број на јавни собири во тек на летото (концерти, свадби, прослави…) Во тоа време комисијата се опушти, не се испланира почетокот на школската година, не се одржа ниеден симпозиум или конференција за изедначување и доктринарни ставови за лекување на болни со КОВИД19. Не се изработија релевантни дијагностички протоколи.

Денес со околу 28.000 позитивни и 949 умрени се бара вина кај народот, кај политичките опоненти, кај стручни лица, кај сите освен кај себе. За жал и покрај највисоката смртност во светот ако се анализираат само последниве месеци по милион жители, изостанува одговорност, чувство на грижа на совест, но пред се изостанува анализа. Нема стручна комисија која ќе утврди дали и зошто имаме висока смртност.

Направени се над 230.000 ПЦР тестови. Зошто и како некој дозволи тестовите да се движат од 30 до 100 евра а понекогаш во итни случаи и по 200 евра по тест“, посочува Марковски.

 

Слични содржини