Актуелно
Почетна / Македонија / Марковиќ: ВМРО-ДПМНЕ преку таблата на Мизрахи се конфронтира со меѓународната заедница, но и со коалиционите партнери

Марковиќ: ВМРО-ДПМНЕ преку таблата на Мизрахи се конфронтира со меѓународната заедница, но и со коалиционите партнери

Таблата на министерката Рашела Мизрахи испраќа политичка порака. Од секаков аспект со одбивањето да се користи новата табла се адресирате на десното тело, ВМРО-ДПМНЕ тоа го има веќе во голема мера, не разбирам зошто имаше потреба од такво нешто, изјави универзитетскиот професор Ненад Марковиќ во вечерашната емисија Вин-вин.

– Со ова ВМРО-ДПМНЕ отвора нов фронт со меѓународната заедница, фронт со Грција која веднаш реагираше и фронт со партии со кои планираат да коалицираат. Први беа Алијансата за Албанците и Алтернатива кои реагираа на она што го направи Мизрахи, изјави Марковиќ.

Тој додава дека доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, дополнително ќе се конфронтира и со своите членови кои пејат „никогаш Северна, само Македонија“ бидјеќи е невозможно да се промени договорот од Преспа, вели Марковиќ.

loading...