Марковски: Ако сакаме да ги одмориме лекарите, подобро е да затвориме сè на 4 или 5 дена

од Nikola Popovski

„За да анализираме дали овие мерки се задоцнети, ни треба многу повеќе информации и анализи. Ние за жал, не ги добиваме, затоа што немаме транспарентност“, вели доктор Вело Марковски за емисијата „Само вистина“.

Според него, една работа што доминира цело време е дека не се објаснува зошто се носат мерките и која е нивната цел.

„Како што беше претходната мерка за полициски час до 22 часот, тоа немаше никаква логика. Овие рестриктивни мерки нема да дадат резултати. Ако сакаме да ги одмориме лекарите, подобро се да затвориме на 4 или 5 дена, колку што трае инкубацијата“, посочува докторот.

Слични содржини