Мароко забранува летови од цел свет поради новиот сој на ковид-19

од Milan1

Мароканските власти синоќа соопштија дека од денеска ќе ги суспендираат сите летови кои пристигнуваат од целиот свет на две недели поради Омикрон, нов сој на ковид-19. Привремената забрана ќе трае две недели, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на здравствениот комитет.

Одлуката е одговор на „брзото ширење“ на Омикрон, особено во Европа и Африка, објаснуваат здравствените власти. Тие наведуваат дека редовно ќе ја проценуваар состојбата за доколку има потреба да се менуваат мерките.

Сојот наречен Омикрон од Светската здравствена организација (СЗО), ги доведе во прашање глобалните напори за борба против пандемијата бидејќи постои стравување дека Б.1.1.529 е многу заразен, што поттикна многу земји повторно да воведат мерки. Оваа нова варијанта има најмалку 10 мутации, за разлика од Бета која има три или Делта со две мутации.

Слични содржини